Денеска (среда, 14 август 2024 година), со почеток во 21:00 часот, во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, во рамките на 64-то издание на Охридско Лето, ќе се одржи Полска вечер.
Публиката ќе може да го проследи концертот на четирирачно пијано на полските пијанистки Ана Миерник и Јоана Сохачка.