Политика за квалитет

од admin_kult

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Мисија:

Преку реализацијата на своите планови и проекти и преку интензивната промоција на нивните продукти, целта на Министерството за култура и туризам е да ја моделира перцепцијата на граѓаните на Република Северна Македонија и на граѓаните на светот за современата македонска култура, за нејзините придружни културни ентитети и за македонското културно минато. Исто така, заради реализација на културната политика, Министерството за култура и туризам тргнува од можноста за пошироко сфаќање на културата како начин на живеење во кој луѓето, потпирајќи се на традицијата, креативно ја надградуваат актуелната реалност со нови остварувања и вредности со кои се унапредуваат човековите права и слободи.

Визија:

Оформување модел кој ќе овозможи препознавање, признавање и опстанок на македонската култура со сите нејзини елементи и богатства.

Политиката за квалитет на Министерството за култура и туризам се базира врз следните основни начела:

  • Создавање клима која ќе поттикне творечко и економски рентабилно остварување на културните проекти кои се од непроценливо значење за културниот идентитет на Република Северна Македонија и за сите нејзини единки од мултикултурното општество;
  • Соодветно управување и ревитализација на одредени видови на културното наследство заради социоекономски развој на национално и на локално ниво;
  • Афирмација на националната култура во земјите од регионот, од ЕУ и од светот;
  • Следење, анализа и креирање политики во туризмот;
  • Почитување на важечките законски прописи и барања;
  • Квалитетни, навремени и одговорни услуги кон корисниците на услугите на Министерство за култура и туризам како што се физички и правни лица и институции;
  • Континуирана едукација на персоналот, зајакнување на одговорноста на вработените и развивање на партнерски односи со сите заинтересирани страни;
  • Постојано усовршување на процесите и континуирано унапредување на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015;
  • Обезбедување на здрава работна средина и тренинг за потикнување на свеста на вработените за заштита на животната средина;

Политиката за квалитет е достапна на јавноста и претставува обврска за сите вработени.

    Дата 10.12.2024 

МИНИСТЕР

Зоран Љутков

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе