Поезија од Шопов и музика од Спироф за Денот на вљубените во Торонто

од admin_kult

Вчера, 13 февруари, се одржа светската премиера на „Зазорува“ – музичка и вокална изведба на поезија од Ацо Шопов, со композиции на Мајкл Спироф. Денеска, на Денот на вљубените, жителите на Торонто повторно ќе имаат можност да уживаат во истата музика и во истата поезија, која канадски солисти ја изведуваат на македонски јазик.

„Зазорува“ е циклус од четири песни од Ацо Шопов: „Квечерина“, „Ако ти недостасува светлина“, „Песната и годините“ и „Будење“, во кој Мајкл Спироф прави оригинален сплет на ритми карактеристични за современата уметничка музика и традиционалниот македонски мелос.

На концертот настапуваат афирмирани канадски оперски пејачи и музичари.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе