„Под исто небо“ – Меѓународeн фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“

од admin_kult

„Под исто небо“ е слоганот на седмото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ што ќе се одржи од 23 до 25 април во Сули ан, Скопје. Фестивалот годинава ќе ја прослави моќта на литературата и илустрацијата како универзален јазик што ги поврзува децата од различни култури и општества.

Во рамките на „Литера 2025“ ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални настани посветени на креирање нови литературни и визуелни светови. Децата љубители на книги ќе можат да уживаат во раскажувачки сесии, креативни игри и разговори со гости од светот на детската книжевност. Фестивалот ќе биде збогатен со повеќе изложби на илустрации и сликовници, меѓу кои и посебна ретроспективна изложба посветена на Орде Манески – еден од доајените на македонската илустрација.

Во изминатите шест изданија на „Литера“ се одржаа вкупно 13 изложби во Македонија и во странство, над 50 работилници за деца, 11 мастер-класи за илустратори и автори, како и 10 конференции и трибини.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе