Министерот за култура и туризам, Зоран Љуткав се сретна со трите амбициозни македонски студентки Ангелина Серафимовска, Бисера Поповска и Надица Десанова кои создадоа кожа од комбуха, и се соосновачи на старт ап компанијата, „Биохајд“ (BioHide).
Тие нивната иновација ја формализираа преку „Биохејд“ и го запознаа министерот Љутков со можностите за нејзината широка примена во повеќе индустрии.
Министерот Љутков изрази поддршка на нивната идеја, иновацијата да најде примена во развојот на модната и во автомобилската индустрија.
Приоритет на Министерството за култура и туризам е и развојот на креативните индустрии, а токму ваквите проекти ќе наидат на сериозна поддршка зашто креативните индустрии во светот веќе се сериозен фактор за развој на културата и уметноста. Нивниот развој истовремено гарантира не сaмо самоодржливoст туку и e сериозен фактор за развојот на севкупното општество.