Во Галичник на 1 август започнува 5. издание на „Галичник филм фестивал“.
Во рамките на годинашната програма на фестивалот, селектирани се 28 краткометражни филмови кои доаѓаат од престижните филмски фестивали, како: Кански филмски фестивал, Венециски филмски фестивал, Торонто филмски фестивал, Санденс, Локарно и многу други. По свеченото отворање, ќе настапат „Скопски брас-квинтет“, кои ќе отсвират новокомпонирана музика од познати филмски сцени, како дел од проектот „Филмско-музичка фузија“.
Во текот на четирите дена, покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности – дискусии со режисери и актери, работилници и др. Љубителите на културата ќе можат да ги истражат и историските и културните знаменитости на Галичник, да уживаат во локалната гастрономија и да се поврзат со природата.
Во рамките на фестивалот ќе се одржи и балканската работилница за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски.
Фестивалот, кој ќе трае од 1 до 4 август, се реализира со поддршка од Министерство за култура и туризам и од Агенцијата за филм.