Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф, вчера во неговото родно Тресонче беше отворена Петтата малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир.
Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, организирана од Здружението на граѓани „Брзовец“ и Општина Маврово-Ростуше, за време на одржувањето на оваа школа ќе се проучуваат уметноста и архитектурата во мијачкиот крај. Посетителите на школата вчера го посетија и Културниот центар „Дичо Зограф“ каде што со поддршка од Министерството за култура е завршена првата фаза од реконструкцијата. Целосното опремување на Културниот центар, кој се наоѓа на местото на поранешното училиште „Димитар Ормански“, се очекува да биде завршено до крајот на годинава.