Операта „Палјачи“, од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе биде изведена денеска, 27 јануари, во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет.
Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф e Олга Панго, концерт-мајстор e Јане Бакевски, хор-мајстор e Јасмина Ѓорѓеска.
Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Дејан Стоев и Драган Ампов; балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска; Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.