О Д Л У К А за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2023  

од admin_kult

С О О П Ш Т Е Н И Е

Одборот за доделување на државната награда,,22 Ноември“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл весник на РСМ бр.98/19 ) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

  О Д Л У К А

за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2023  за признание на луѓе од  политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија,

  1. За остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија, наградата им  се доделува на:           

–  Агим Винца, истражувач и писател

      –  Амет Селмани, писател

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2023 година (среда ) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.                                                                              

                                                                                                  Претседател на Одборот,

                                                                                                         Решат Амети

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе