„Оффест“ од 5 до 8 јуни

од admin_kult

На 24. издание на „Оффест“ ќе се претстават врвни уметници од осум земји од светот во веројатно најсилната програма во последниве години. Ѕвездата на фестивалот несомнено е грандиозната пејачка Марија Жоаун (Maria João). По Лисабон, „Оффест“ е првата европска концертна премиера на нејзиниот волшебен нов проект „Аbundância“ (Изобилство). Покрај Жоаун (João), во програмата се присутни уште неколку големи ѕвезди на таканаречената „музика на светот“, како: „Canzoniere Grecanico Salentino“, Кимо Похјонен (Kimmo Pohjonen), Vieux Farka Touré и нашиот Драган Даутовски.

Фестивалот ќе се одржи во Националната опера и балет и во МКЦ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе