Со музичкиот спектакл „Глумците пеат“, вчера во Битола официјално беше отворено 25-тото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама.
Инаку, на годинашниов фестивал публиката освен претстави од земјава ќе може да проследи и монодрами од Хрватска, Србија, Турција, Грција, Бугарија, Ерменија, Казахстан и од Обединетите Арапски Емирати.
Жирито на Интернационалниот фестивал на монодрама го сочинуваат: режисерката Зоја Бузалковска, актерката Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Нина Мазур, која цели 25 години е дел од Фестивалот.
Покрај официјалната програма со 10 монодрами на сцените, офф-програмата на фестивалот како и секоја година изобилува со содржини. Од промоции на книги, живи споменици и жонглери по „Широк сокак“ и диџеј-сетови на избрани артисти, во чест на славењето на монодрамата.
Фестивалот на монодрамата, кој ќе трае до 31 мај, се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Битола.