Отворено 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

од admin_kult

Под слоганот „Еден е Манаки“, вчеравечер во големата сала на Центарот за култура во Битола свечено беше отворено 45. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“. Фестивалот за отворен го прогласи претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која поради престојот во странство, своите пораки ги искажа преку  видеообраќање.

Според востановената традиција, на големата сцена во Битола беше доделена наградата „Златна камера 300“ за животно дело на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, која му ја врачи претседателот на Владата Христијан Мицкоски, додека наградата за особен придонес во светската филмска уметност ја доби Јоланта Дилевска.

Церемонијата на свеченото отворање на Фестивалот беше заокружена со доделувањето на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски, на отворањето истакна  дека е сигурен дека и ова издание уште еднаш ќе покаже и докаже зошто Битола е епицентар на уметноста и културата, особено на филмската уметност.

На отворањето на јубилејното 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ публиката имаше можност да го проследи филмот „Партенопе“, во режија на Паоло Сорентино.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе