Големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на „Арт поинт Гумно“ од с. Слоештица, Демир Хисар, што летово беше поставена во Битола, од 22 ноември до 2 декември ќе биде поставена во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
Отворањето ќе биде во 20:00 часот. За активностите на уметничкото гумно ќе говори младата македонска писателка, уредничка и преведувачка, Јулијана Величковска.
Во рамките на изложбата, посетителите ќе може да видат 65 слики, скулптури, фотографии на уметници од 20 земји од светот.
Проектот, кој е поддржан од Министерството за култура, се реализира во соработка со МКЦ – Скопје.