Отворање на изложбата „Вечното танго“ во Домот на културата „Кочо Рацин“

од admin_kult

Во галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер, во 19:30 часот, ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Вечното танго“, инспирирана од делата на Астор Пјацола и од  т. н. златен  период на тангото.

Се работи за традиционална изложба која, како што велат организаторите, секоја година здружува сѐ повеќе уметници од земјава и од странство, инспирирани од тангото како интеркултуролошки феномен и моќна врска меѓу културите, народите, ентитетите и уметностите низ светот.

По отворањето на изложбата, со свој танцов перформанс ќе се придружат и членовите на Студиото за танц „Фамилија Тангови“. Во мултимедијалниот дел се предвидени и видеопроекции, перформанси, концертен настап на музичарите Драган Гоневски – виолончелист и Димитар Ганчевски – пијанист.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе