Отворање на групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ вечер во Националната галерија

од admin_kult

Групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) се отвора вечер, 22 мај, со почеток во 20 часот во Националната галерија, објект „Мала станица“.

„Современиот третман на цртежот во глобални рамки доживеа длабока промена – од подготвителен, дел на процес медиум во самостојна, концептуална уметничка практика. Цртежот како базичен израз во визуелниот говор доживува длабоко преиспитување на авторството, идентитетот и коментарот како во глобални, така и во делата на современите автори од Македонија – цртежот станува јазик за мапирање на телото, психата и длабоките емоции со општествени коментари: цртежот ги спојува личните наративи со социополитичка критика и рефлексија“, истакнуваат од ДЛУМ.

Изложбата ќе биде отворена до 30 мај.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе