Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – туку се отворени за секој што сака да влезе во волшебниот свет на пишаниот збор. А тоа важи и за вратите на Саемот на книгата во Скопје, кој ќе се одржи по 37. пат.
И оваа година Саемот ќе биде лоциран во арената „Борис Трајковски“, ќе започне на 8 и ќе трае до 14 мај. Значи дека доаѓаат седум фантастични фестивалски денови во кои секој ќе може да ја најде совршената приказна за себе. Бидејќи на саем не одиме само за да купиме книги, туку и да се нахраниме со иде, со емоции и со зборови што остануваат.