Од 5 до 8 јуни 24. издание на „ОФФест“

од admin_kult

24. издание на „ОФФест“ ќе се одржи од 5 до 8 јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар. „ОФФест 2025“ ја има најсилната програма во последните неколку години и нуди 9 концерти на врвни музички уметници и групи од 8 различни земји и една специјална филмска проекција. Широката музичка лепеза и разновидноста на жанрови, емоции и доживувања, на скопската публика ќе ѝ приредат неповторливо искуство и ќе ја зацврстат позицијата на „ОФФест“ како еден од најпознатите европски фестивали за музика во светот.

Меѓу учесниците се: Драган и Ратко Даутовски и составот „Луфтанза“ од земјава; Кимо Похјонен од Финска; „Vieux Farka Touré“ од Мали; „Јулија Козакова трио“ од Словачка; „Canzoniere Grecanico Salentino“ (CGS) од Италија; Марија Жоао од Португалија; Флоренс Адони од Гана; Мордаи од Унгарија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе