Оркестарот на Филхармонијата утре, четврток (25 јануари), од 20:00 часот ќе го одржи концертот „Одисеја“ на кој ќе се свират дела од скандинавските композитори Едвард Григ и Јан Сибелиус. Диригент е Кристијан Рајф од Германија, а како солистка ќе настапи сопранистката Афродити Патулиду од Грција.
Рајф е новоименуван шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска.
Сопранистката Патулиду е и текстописец и фотограф, а се занимава и со сликарство и поезија. Настапувала во: Државната опера во Берлин, Кралскиот театар во Мадрид, Грчката национална опера, Берлинската филхармонија и „Концертгебау“ во Амстердам. Живее во Берлин, а студирала во Солун, потоа на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел и на Универзитетот за уметности во Берлин.