Одбележан 70-годишниот јубилеј на Ансамблот „Керамичар“ од Велес

од admin_kult

Ансамблот „Керамичар“ од Велес основан во ноември 1954 година, со два целовечерни концерти го одбележа јубилејот 70 години успешно постоење и работа.

Во богатата програма на концертите кои се одржаа на големата сцена на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, освен трите групи на Ансамблот, настапија и фолклорни ансамбли од Србија и од Бугарија, како и Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ од Скопје. Воедно на поединци кои придонесле за неговиот развој им беа врачени благодарници и статуети со игроорци.

Во Ансамблот „Керамичар“ во изминатите 70 години членувале меѓу пет и седум илјади игроорци, пејачи и членови на оркестарот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе