Одбележана 80 годишнината на Народниот театар – Битола

од admin_kult

Синоќа Народниот театар – Битола со претставата „Ѓоре Магаревски “ го одбележа 80 годишниот јубилеј на театарот.

Во преполната сала, претставата и ансамблот беа поздравени со бурни и долги аплаузи, како и чинот на доделувањето на плакети за пензионираните актери и вработени на еден од водечките тетари во Македонија.

По повод големиот јубилеј, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, упати честитка до институцијата во која нагласи дека од своето основање до денес, Народниот театар од Битола претставува еден од столбовите на македонската култура и на театарската уметност воопшто.   

„Низ годините, и покрај многубројните предизвици, Битолскиот народен театар со својот квалитет потврди дека врвната уметност секогаш победува. Вашиот ангажман и посветеност на уметноста создадоа врвна театарска куќа, реномирана дома и респектирана на интернационалната сцена. Битолскиот ансамбл е гордост на македонската култура со автентични продукции што публиката ги следи со полни сали и срдечни и искрени аплаузи“, напиша министерот Љутков.

Тој изрази уверување дека со ангажираноста и со своите уметнички вердности, Битолскиот театар ќе остане пример за тоа како се создава и како се негува врвната театарска естетика.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе