Објавени се конкурсите за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата за 2025

од admin_kult
Logo

Министерството за култура и туризам ги распиша конкурсите за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата за 2025 година.

Младите може да се пријават на Конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата за 2025 година кој се однесува за студенти на прв, втор и трет циклус студии во странство на студиски програми од областа на културата.

Кандидатите кои ќе ги исполнат општите услови и критериумите на Конкурсот ќе добијат еднократна помош за следење на студентските циклуси во следниве области: балетска уметност, танцова уметност, музичка уметност, аудиовизуелни уметности, драмска уметност, библиотекарство и документација, конзервација и реставрација на културно наследство, културен туризам и културен менаџмент.

Другата категорија што се поддржува преку Конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата за 2025 година за стручен престој, стручно усовршување и резиденцијални престои на стручни кадри во земјава и во странство, ќе добие средства во еднократен износ, а се однесува на стручен престој кај професори и ментори, односно кратки престои на универзитети и академии во странство, специјализации кај реномирани светски уметници – професори во странство и резиденцијални престои во странство од областа на: танцот, музиката, театарот, литературата, аудиовизуeлните уметности, архитектурата и дизајнот.

Конкурсот обезбедува поддршка и за стручен престој, односно кратки престои на универзитети и академии во земјава и во странство, специјализации на реномирани научни, образовни и стручни установи и резиденцијални престои во земјава и во странство од областа на заштитата, конзервацијата и реставрацијата на културното наследство (недвижно, движно и нематеријално).

Конкурсите и условите за аплицирање се објавени на Фејсбук и на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

Конкурси за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата за 2025 година

.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе