Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, денеска во 19:30 часот ќе биде отворена изложба на дела од учесниците на последната сесија на летната школа со наслов „Обмислување на современиот звучен пејзаж: Експериментални практики во визуелниот контекст“.
На изложбата учествуваат: Ана Димитриевска, Јана Бутеска, Калин Маловски, Павел Николов, Вилијам Стојановски, Стефанија Цветановска, Доротеј Нешовски, Ангела Георгиевска и Мартина Спасовска.
Основната цел на школата беше лоцирање и истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи. Оваа сесија на летната школа се осврнува кон звукот како платформа за креативно конципирање и интерпретација на интердисциплинарно уметничко дело.
Сесијата беше одржана во населено место Лазарополе (Општина Маврово и Ростуше).