Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од УНЕСКО во 1995 година.
На настанот ќе бидe прочитана светската порака за книгата од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, како и македонската порака што годинава ја напиша проф. д-р Славица Велева.
Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор – Мигел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе де Вега. Идејата се засновува врз стариот каталонски обичај да се подари книга и роза, соопшти НУБ за настанот кој и оваа година го организира со поддршка од Амбасадата на Шпанија во Скопје.
Македонска порака од проф. д -р Славица Велева