Оркестарот на Филхармонијата в четврток, во 20:00 часот, ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала-концерт со наслов „Исток“ (арх. извор). Диригент е Емил Табаков од Бугарија, а како солисти ќе настапат македонските вокални уметници: сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски.
Публиката, во рамките на програмата, ќе има моженост да чуе дела од Штраус, Чајковски, Лехар, Лумбије, потоа „Валцерот на Амелија“ на Јан Тирсен од филмот „Чудесната судбина на Амели Пулен“, „Маскарада валс“ на Арам Хачатуријан, „Валцер за збогување“ на Алфред Шнитке и др.
„Татко“ премиера во Велешкиот театар
На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Татко“ на текст од Флоријан Зелер, а во режија на Ненад Витанов.
Главната улога на таткото Андре ја игра актерот Јордан Витанов, во улогата на Ана ќе настапи Маја Љутков, Пјер ќе го глуми Жарко Спасовски, Лора – Славица Манаскова, мажот – Благојчо Стојанов и во улогата на жената ќе настапи Симона Димковска.
Асистент на режија е Кристијан Саздовски, сценографијата е на Филип Коруновски, а костимографијата на Раде Василев. Изборот на музиката го направи Ненад Витанов, фотограф на претставата е Данчо Стефков, технички раководител Никола Игнов, тон-мајстор е Славчо Коцев, гардеробер е Јулијана Ангеловска, а реквизитер е Благој Илиев.
Ова е четвртата премиера годинава во Велешкиот театар.