„Нова надеж“ – мултимедијален настан кај Спомен-костурницата во Велес

од admin_kult

„Нова надеж“ е наречен мултимедијалниот настан на музичката платформа „Терапија“ што ќе се одржи утре, на 11 Октомври – Денот на македонското востание, во 18:00 часот кај Спомен-костурницата во Велес.

Мултимедијалниот настан ќе го водат нашите реномирани актери Тони Михајловски и Камка Тоциновски, а во музичкиот дел од настанот ќе учествува Игор Џамбазов придружуван од Харе, кои ќе изведат неколку култни македонски песни кои оставиле траен белег на домашната културна сцена. Во последниот дел од настанот, диџеј-сетови ќе имаат и нашите артисти Ивана Драгшиќ и Александар Гроздановски – HERZEL.

„Терапија“ веќе неколку години креира и одржува настани од мултимедијален карактер на јавни објекти кои се дел од домашното културно наследство. Основната цел е да се даде „нов живот“ на овие обележја, да се афирмира културното наследство меѓу новите генерации и да се промовираат домашните артисти.

Мултимедијалниот настан „Нова надеж“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе