НОБ со „Боеми“ го отвора одбележувањето на стогодишнината од смртта на композиторот Џакомо Пучини

од admin_kult

Со изведба на операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини во режија на Дејан Прошев, вечерва од 20:00 часот, во Националната опера и балет започнува одбележувањето на 100-годишнината од смртта на Џакомо Пучини. Изведбата е дел од проектот „Месец на Пучини“ во кој ќе бидат изведени и други негови дела.

Претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.

Настапуваат: Доменико Менини (Италија), Анстасија Дорошенко (Германија), Горан Начевски, Драган Ампов, Владимир Саздовски, Катерина Стојановска, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Александар Никодиновски, Тихомир Јакимовски, Ема Гиновска, во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Покрај „Боеми“, месецов ќе бидат изведени и оперите „Мадам Батерфлај“ (16.11.2024), „Тоска“ (23.11.2024) и „Турандот“ (29.11.2024).

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе