„Недела на македонската култура“ во Тирана

од admin_kult

Во Тирана од 23 до 30 април за првпат ќе биде одржана „Недела на македонската култура“, значајна манифестација чија цел е промоција на македонската култура, туризам и економија.

Манифестацијата, во организација на македонскиот Културно-информативниот центар и Амбасадата во Тирана, ќе се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам, албанското Министерство за економија, култура и иновации и Општина Тирана.

„Неделата на македонската култура“ ќе биде отворена на 23 април со концерт на Ема Попивода – пијано и Реа Лемнуша – диџеј, во концертната сала на православната црква. На 25 април во културниот центар НОБИС во 19:00 часот ќе биде отворена изложба на македонска традиционална облека, следниот ден во 16:00 часот во познатата „пирамида“ е предвидена дегустација на вино – избор на македонски вина и на 30 април во 18:00 часот во театарот „Артурбина“ ќе биде изведена театарската претстава „8 отсто“.

Во овие денови центарот во Тирана, плоштадот „Народни херои“, ќе биде обоен во црвено-жолта боја, со илјадници македонски знамиња.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе