„Пијанизам хероизам“ е насловот на концертот на Филхармонијата што ќе се одржи овој четврток со почеток во 20:00 часот.
На концертот како солист ќе настапи рускиот пијанист Петер Лаул, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.
На програмата се Поема за симфониски оркестар „Древниот ѕид“ од Томислав Зографски, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во Еф-дур од Дмитри Шостакович и Симфонијата бр. 6 во Де-дур од Антонин Дворжак.