Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре, петок, (16.5.2025 г.) во 19:00 часот, ќе се обрати на свеченото отворање на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Р. Србија.
Во рамки на програмата насловена „Ајде, слушај, слушај…“ ќе бидат исполнети македонски чалгиски и етно-музички теми во современ аранжман, во ликовниот дел пак ќе бидат претставени дела од 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија-ДЛУМС.