Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска (4 јули) во 12 часот ќе оствари работна посета на археолошки локалитет/ неолитско село „Тумба Маџари“ во општина Гази Баба.
На овој значаен локалитет, при актуелните археолошки ископувања, археолозите пронајдоа вредни наоди кои ќе бидат претставени пред новинарските екипи.
На посетата ќе бидат присутни и: градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, како и членовите на стручната екипа под чие водство се одвиваа истражувањата.
Предвидени се изјави за медиумите.