Оваа мини турнеја низ Хрватска, како што информираат од Националниот џез оркестар, започнува на 25 јуни со настап во Тврдината Св. Миховил во Шибеник. По настапот во Шибеник, следува концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој ќе се одржи од 28 до 30 јуни на полуостровот Прирово. Третиот концерт е во Хрватскиот народен театар во Сплит, на 1 јули.
Публиката во Хрватска ќе има можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав. Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвараат овие композиции во вистински ремек дела, наведуваат од Националниот џез оркестар.