Националниот археолошки музеј и Колеџот „Гетисбург“ од Пенсилванија започнаа со реализација на 26. сезона на истражувања на археолошкиот локалитет Големо Градиште

од admin_kult

Националниот археолошки музеј и Колеџот „Гетисбург“ од Пенсилванија, САД, започнаа со реализација на 26. сезона на археолошките истражувања на археолошкиот локалитет Големо Градиште кај с. Коњух, Кратовско, кој годинава  се стекна со статус на споменик на културата од особено значење. Во фокусот на систематското истражување на доцноантичкиот град се истражувањето на новооткриената Базилика Б, утврдувањето на хронологијата на северната тераса преку стратиграфска сонда, доистражувањето на комплексот на централната Епископска базилика, како и истражувањето на сегмент од бедемот на градот на југозападниот крај на северната тераса.

Мултидисциплинарниот пристап во истражувањето на градот е збогатен со нововоспоставената соработката на Археолошкиот музеј со Универзитетот „Џон Морс“ од Ливерпул, Обединето Кралство, чиј стручен тим и студенти спроведоа геофизички и геоархеолошки истражувања на локалитетот. Реализацијата на годинашните истражувања е помогната и со учеството на стручни лица и студенти од Универзитетот „Сајмон Фрејзер“ од Ванкувер, Канада.

Истражувањата се финансирани од Колеџот „Гетисбург“ од Пенсилванија, САД, Универзитетот „Џон Морс“ и Националниот археолошки музеј.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе