Народниот театар од Битола вечерва (28 февруари) во Нови Сад, Србија, во чест на прерано починатиот режисер Игор Вук Торбица, ќе ја одигра една од најнаградуваните претстави “Бакхи – Краток преглед на распадот”.
Текстот е по „Бакхи“ на Еврипид, режијата е на Игор Вук Торбица, а драматургијата е на Билјана Крајчевска. Настапуваат актерите: Маја Андоновска-Илијевска, Огнен Дранговски, Соња Михајлова. Во останатите улоги се: Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Марковски.
„Бакхи краток преглед на Распадот“ во изведба на Народниот театар од Битола беше прогласена за најдобрата претстава на театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ ја доби наградата Гран- При.