Во Националната галерија (објектот „Мала Станица“), денеска (1 март) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на „Наивата во Македонија“, а ќе биде промовирана и книга за феноменот на творештвото кое припаѓа на оваа област.
Куратор на проектот, кој беше претставен и во Уметничката галерија во Куманово, е Гоце Божурски. На изложбата претставени се дела од Вангел Наумовски, Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски, Крсто Славковски, Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка и многу други автори.