Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечер ќе се одржи мултимедијална промоција на новиот роман на Натали Спасова, „Не ѝ верувај на баба ти“.
Ова е четврти роман на Спасова, по „Прва љубов во розевата улица“, „Запалка“ и „Двете принцези“, кои се преведени на украински, српски, бугарски и англиски јазик. Спасова е и драматург на театарските претстави „The Visitor“, „Dreamcatcher“, „The Last Slav on Earth“ и „Два пати Мери“, последната е работена според поглавје од нејзиниот нов роман, и ќе биде прикажана во хибридна верзија (видео запис со драмско читање) на вечерашната промоција.
Објавувањето на романот е финансирано од Министерство за култура и туризам.