Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија утре (четврток, 10 април 2025 г.), со почеток во 18:30 часот, ќе се претстави музичкото трио во состав: Исмет Вејсели (вокал – тенор), Алба Зеќири (виолина) и Шкељзен Бафтиари (пијано).
На програмата се композиции од: Паоло Тости, Васил Толе, Астор Пjацола, Винченцо Белини, Сотир Голабовски, Сони Петровски, Фредерик Шопен, Жил Масне, Џоакино Росини.