На 25 април 2025 година од 20 часот, во прекрасниот амбиент на салата на Македонската филхармонија во Скопје, љубителите на џезот ќе имаат ретка можност да присуствуваат на концерт што ветува незаборавна музичка вечер.
Националниот џез-оркестар, под водство на харизматичниот маестро Џијан Емин, ќе ги отвори вратите кон светот на емоцијата и звукот, пречекувајќи ги на сцената исклучителните француски уметници: Пјер Миле (труба) и Бети Жарден (вокал).