Масовна гробница со посмртни останки на околу двесте луѓе откриена во југоисточната некропола на Скупи е тема на изложбата „Една слика на темната страна на римската историја. Скупи – масовна гробница“, со која Музејот на Град Скопје од денеска гостува во Народниот музеј на Србија во Белград.
Истражувањето на гробницата и реализацијата на изложбата се резултат на сеопфатна работа на мултидисциплинарен тим од Музејот на Град Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија и Институтот за судска медицина, криминологија и медицинска стоматологија.
Изложбата на Музејот на Град Скопје во Народниот музеј на Србија во Белград, која ќе биде отворена цело лето, се одвива во рамките на програмата за работа на двете држави за периодот 2022 – 2025 година како дел од проектот „Отворен Балкан“.