МСУ – Скопје член на балканската мрежа на музеи

од admin_kult

Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје стана член на Балканската мрежа на музеи во која членуваат околу 100 музеи од Балканот, многубројни граѓански организации и 200 индивидуалци од културниот сектор.

Мисијата на БМН е фокусирана кон музеите на Балканот и подразбира поддршка и развој на креативни лидери во музеите, застапување на социјално одговорни музеи кои го промовираат учењето и меѓусебната соработка и напредок, чекор напред, користејќи го заедничкото наследство на Балканот, како темел за сегашните и идните генерации.

Балканската мрежа на музеи го афирмира, го зачувува и го споделува комплексното заедничко културно наследство на Балканот и преку меѓусебна соработка ја степенува важноста на музеите.

Визијата на мрежата е да ги промовира музеите како институции за учење, откривање, инспирација и како агенти на социјална промена – во сопственост и под заштита на општеството, отворени за сите.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе