В четврток (18 јули) од 21:00 часот се отвора МСУ летно кино – Урбани пејзажи од ’60-тите на филм. Програмата се реализира преку соработка меѓу МСУ – Скопје и Кинотеката, а кустос е Софиа Григориаду.
Селекцијата на кратки филмови ги отсликува трансформациите во скопските урбани пејзажи во ’60-тите години, преку објективот и наративите на застапените режисери и писатели, рефлектирајќи го и модернистичкиот наратив вграден во југословенските градови воопшто.