Мисија и Визија

од admin_kult

МИСИЈА И ВИЗИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ

МИСИЈА

Поттикнување на културата, особено преку поволни услови за остварување културни вредности и уметничко творештво, еднакви услови за изразување, негување и афирмирање на културниот идентитет на заедниците во државата. Обезбедување право на слободно творештво, независно од возраста, образованието, верската, етничката или друга припадност, професионално или аматерски, како и право на образование за областа култура. Објавување дела од областа на уметничкото творештво и заштита на материјалното и духовното наследство на сите граѓани. Инвестирање во развој на културната инфраструктура, поддржување на уметноста и промоција на богатото наследство на Македонија на домашен и на меѓународен план. Со зголемување на квалитетот на туристичките понуди и подобрување на искуството на посетителите, се овозможува зајакнување на локалните економии и афирмација на убавините и различностите на нашата земја.

ВИЗИЈА

Висококвалитетна, разновидна, кохезивна, креативна култура, која создава социокултурен и економски развој на национално и на локално ниво, посветена на развојот на уметничкото творештво, продукцијата и дистрибуцијата на културните добра, културните и креативните индустрии, заштитата на културното наследство, со вредности препознатливи во меѓународни рамки. Културата поврзана со туризмот овозможува економски просперитет и афирмација на сите богатства и убавини што ги има нашата држава, зацврстување на културниот интегритет и негова промоција на глобалната сцена.

                                                                            

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе