Министерот Љутков се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Лудва

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, која се одвиваше во срдечна атмосфера и ги потврди одличните одоси меѓу двете држави во сферата на културата.

Министерот Љутков го запозна амбасадорот Лудва со процесот на интеграција на туризмот со културата истакнувајќи ги насоките и приоритетите на Министерството за развој и промоција на културата во пошироки рамки.

Амбасадорот Лудва искажа подготвеност за поддршка на иницијативите на политиките во културата и туризмот и за унапредување на соработката во оваа област. На средбата, како исклучително позитивно искуство од меѓусебната доверба и пријателство, беше акцентирана донацијата на концертно пијано „Петроф“ на Националната опера и балет, која беше иницирана од Чешката Република, со удел на македонски компании. Соговорниците искажаа подготвеност за продлабочување на овој вид соработка во делот на одржување на пијаната во нашите институции, кои се од прочуената чешка марка „Петроф“.

Министерот Љутков и амбасадорот Лудва се заложија за интензивирање на културната соработка, која е регулирана со Спогодбата од 2009 година меѓу министерства за култура на двете држави, а е со неопределена важност.

Оваа спогодба отвори можности за соработка во сите области на културата – меѓу културните институции, граѓанските здруженија и истакнати уметници од двете земји. Со оваа спогодба е прецизирана и соработката меѓу националните комисии на УНЕСКО во двете земји.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе