Министерот Љутков оствари средба со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, се сретна со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во државава.

На средбата беше истакната одличната институционална соработка, на сите нивоа и во сите области, при реализацијата на активностите и проектите поддржани од многубројните агенции на ОН, особено во сферата на културата и заштитата на културното наследство.

Министерот Љутков ја истакна важноста на интеграцијата на културата и туризмот. Особено внимание посвети на развојот на културниот туризам, како еден од приоритетите на новата влада, развојот на транзитниот туризам и промоцијата на државава во светот.

Постојаната координаторка на ОН, Дуџак, ја истакна подготвеноста на Обединетите нации за продолжување на одличната соработка, особено осврнувајќи се на активностите поврзани со заштитата на „Природното и културното наследство на Охридскиот Регион“.  

Љутков и Дуџак се согласија дека заштитата на културното наследство е врвен приоритет кој нуди големи можности за меѓусебна соработка, вклучувајќи ја и промоцијата на природните богатства што ги поседува нашата држава.

Унапредувањето на односите меѓу нашата држава и ОН продолжува со засилени активности во спроведувањето на Рамката за соработка за одржлив развој 2021 – 2025 г., како главен стратегиски документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе