Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре (20 ноември 2024 г.) во Баку, Република Азербејџан ќе учествува на Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот, во рамките на 29. Конференција на страните на Рамковната конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29.
Претседателството на КОП29 за прв пат организира тематски ден за туризмот на кој учесниците ќе ја истакнат улогата, ранливоста и потенцијалот на туристичкиот сектор во справувањето со климатските промени.
Настанот е во организација на Претседателството на КОП29 / Државната агенција за туризам на Република Азербејџан во партнерство со Светската организација за туризам на Обединетите Нации и со поддршка на Програмата за животна средина на Обединетите Нации.