Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре (5 септември 2024) ќе биде во работна посета на локалитетот Баргала во Општина Карбинци и на националните установи од областа на културата во Штип.
Министерот Љутков со директорите на установите и со градоначалниците на Штип и на Карбинци, Иван Јорданов и Виктор Паунов, ќе направи увид во актуелната состојба во областа на културата и туризмот во овој регион.
Изјава за медиумите е предвидена пред НУ Народен театар – Штип во 12:15 часот.
Го покануваме вашиот медиум да ја проследи изјавата.