Министерот за култура и туризам Зоран Љутков од денеска престојува во дводневна посета на Нова Горица во Словенија, каде денеска на плоштадот Европа ќе присуствува на церемонијата на отворање на „Европската престолнина на културата ГО! Нова Горица/Гориција“.
Во текот на утрешниот ден, министерот Љутков ќе учествува на состанокот на министри за култура на Западен Балкан, на кој ќе се разговара за улогата на културата, меѓународните културни проекти вклучително и европските престолнини на културата во функција на одржливиот развој.