Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска (12.7.2024 г.) престојува во Охрид каде што ќе се обрати на отворањето на 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.
Во рамките на престојот во Охрид, министерот Љутков денеска во 14:00 часот ќе го посети Плаошник, заедно со градоначалникот Кирил Пецаков и в. д. директорите на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, и на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Горан Патчев.
Изјави за медиумите се предвидени во 14:15 часот.