Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на институциите од културата во Битола

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари работна посета на дел од институциите од областа на културата во Битола. На средбите со директорите на Центарот за култура, Народниот театар и Заводот и музеј – Битола, се разговараше за текот на реализацијата на проектите и тековните предизвици со кои се соочуваат овие установи.

Љутков информираше дека во Заводот и музеј – Битола е реализиран проектот за реставрација на предната фасада во вредност од 1,2 милиони денари, а во текот на годината ќе се реализира и партерно уредување на лапидариумот со дополнителни 1,4 милиони денари. Реновирана е и сувенирницата со сопствени средства на институцијата, што придонесува за туристичката понуда на градот.

Посебен акцент е ставен на капиталниот проект за реновирање на постојаната музејска поставка, за кој се издвоени 2 милиони денари. Во рамките на новиот концепт ќе биде вклучена и спомен-собата на познатиот битолски музичар Кирил Македонски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Министерот истакна дека археолошките истражувања, кои во изминатите години беа сведени на минимум, сега добиваат поддршка и нова динамика со што доживауваат вистинска ренесанса.

„Издвоивме еден милион денари за археолошките истражувања на локалитетот Градиште во с. Црнобуки, обезбедеивме 12 милиони денари за  тригодишниот проект за конзерваторски и-реставраторски работи на  ентериерот на Јени џамија, што подразбира ѕидно сликарство, дрвени, метални, мермерни, гипсени и фајансни декоративни елементи, како и мобилијар.   Претходно пак, со 2 милиони и со 2,5 милиони денари се реализираа и проектите за конзервација и реставрација на фасадите на Спомен-куќите на македонските револуционер  Гоце Делчев и на Стив Наумов“, информираше Љутков. .

Министерот го најави и капиталниот проект за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, вреден 94 милиони денари. Договорот е веќе потпишан,  а реализација треба да започне до крајот на месецов.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе