Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и проф. др. Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, утре, понеделник (14.4.2025 г.) во 12:00 часот, во просториите на Ректоратот ќе потпишат Меморандум за соработка.
Со овој меморандум ќе се воспостават формите за соработка меѓу Министерството и Универзитетот за активности од заеднички интерес.
Во 12:30 ч. се предвидени изјави за медиуми.