Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со заменик-министерот Седат Сулејмани, утре, понеделник (7.4.2025 г.) од 10:00 часот, ќе престојуваат во работна посета на општина Гостивар.
Љутков и Сулејмани ќе ги посетат институциите од областа на културата како и повеќе објекти кои се дел од значајното културно наследство на Гостивар: Беговата куќа, Куќата на Ахмед Чако, Саат кулата, Медресето, црквата „Св. Димитрија“ и Старата џамија во Равен.
Во 12:30 ч. кај Старата џамија во Равен предвидени се изјави за медиуми.
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.